Попладнево (17,30 ч.) е последното, 26. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Првакот е познат уште од неделата, кога неготински Вардар со 4:0 победи со Динамо во Прилеп, така задржувајќи ја недостижната разлика од пет бода со вториот Превалец. Денеска Вардар дома игра со последното Возарци. Мечот е „загревање“ за бараж-мечот и борбата за влез во Втората лига.
ДЕНЕШНО 26. КОЛО: Питу Гули – Слога, Бучин – Динамо, Вардар – Возарци, Превалец – Големо Коњари, Обршани – Младост, Марена – Ново Црнилиште 7:5 вчера.
ТАБЕЛА: Вардар 62, Превалец 57, Росоман 49, Питу Гули 46, Ново Црнилиште 38, Марена 35, Големо Коњари 33, Динамо 28, Слога 26, Младост 22, Бучин 18, Обршани 12, Возарци 6.