Попладнево (17 ч.) е првиот собир на фудбалскиот прволигаш Победа во присуство на новиот шеф на Стручниот штаб Бобан Бабунски. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се очекува да бидат досегашните првотимци, како и талентирани младинци кои ја освоија шампионската титула претходното првенство. Како и секогаш, вниманието е свртено кон новите играчи, како и потенцијалните засилувања кои треба да бидат на проба. Во таа насока е најавено доаѓање на фудбалери од Србија и Нигерија.
Првиот тренинг е на Градскиот стадион, а натаму ќе се користат и другите терени во Прилеп – со вештачка трева и на Могила.