100 години фудбал во Прилеп

АВТОМОБИЛ ЗА НАЈСРЕЌНИОТ НАВИВАЧ НА ПОБЕДА!

Во минатото честопати се организираа наградни игри во кои беа земани предвид сите што купуваа влезници за натпреварите на Победа. . На тој начин се пумпаше атмосферата и се додаваше мотив кај навивачите за масовност на трибините. Една од најголемите наградни игри е организирана есента 1995 година, кога претседател на клубот беше Димитар Мавцоски. Играта се организира во соработка со Асиба МГ, компанија која ја додели главната награда – автомобил „фолксваген поло“. Учесници беа гледачите на три натпревари на Победа – со Слога, Рудар и Вардар. Извлекувањето се случи на 17 септември, на дербито со Вардар, кога прилепскиот стадион се исполни со десетина илјади гледачи не само за наградата и најзвучниот ривал, ами и поради претходниот успех над Пелистер во Битола. На полувремето имаше хумор од артистите Емин Унѓел и Ѓокица Лукаревски, а потоа едно дете од публиката со врзани очи извлече влезница од најсреќниот гледач, Стеван Стојаноски. Нему му припадна автомобилот „фолксваген поло“.

Дербито Победа – Вардар, по головите на Благојче Ѓорѓиоски – Баче за домашните и Горан Петрески – Чунга за гостите, заврши нерешено, 1:1.

Од категоријата

НАЈГОЛЕМИОТ ПРИЛЕПСКИ ТАЛЕНТ ОДБИ ДА БИДЕ РОБОТ!

Зоран Иге

ПРЕД ДА КАЖЕ ЗБОГУМ – ОДБРАНИ ЧЕТИРИ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

ОТКАКО ВО ШТИП ДАДОА 4 ГОЛА, ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА 11

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе