Прволигашот Победа објави трето заасилување – Хамза Рамани, 19-годишен играч за врска од струмичка Беласица. Претходно има играно за Велешта и Велазерими, а матичен клуб му е Шкупи. Во прилепскиот клуб за викендот потпишаа Методија Делов од Тиквеш. 29-годишен централен дефанзивец и Христијан Коцев од Македонија ЃП, 22-годишен играч по левата страна. Нови и натаму сигурно ќе има во тимот на тренерот Бобан Бабунски затоа што многумина домашни и странски фудбалери се заинтересирани да настапуваат во црвено-белиот дрес на Победа.
Пријателскиот меѓународен меч со косовскиот суперлигаш Приштина, закажан за попладнево, е откажан.