Шах

ПРИЛЕП СО ДВА ПРВОЛИГАША

Како и што се очекуваше, прилепскиот шаховски тим Пелагон стана прволигаш откако го освои првото место во Финалната група од Екипното првенство на Македонија – Втора лига во Охрид. На табелата од оваа фаза прилепската екипа е прва со пет бода, преку две победи е едно реми. Победите се над скопските Центар (4:2) и со Карпош (5:1). На првиот дуел партиите ги добија ИМ Младен Миленковиќ, ИМ Горан Арсовиќ и Марјан Дамчески, ремизираа ИМ Драшко Бошковиќ и Горан Готовуша. На вториот победија ИМ Бошковиќ, ИМ Миленковиќ, ИМ Арсовиќ и Готовуша, ремизираа Дејан Ѓорѓиески и Мартин Николовски. Третиот дуел заврши нерешено (3:3) со скопско Шкупи, каде сите партии се реми, на ИМ Миленковиќ, ИМ Арсовиќ, Ѓорѓиески, Готовуша, Дамчески и Николовски. Според ова, сега Прилеп има два прволигаша – Пелагон и ШК Прилеп.

Покрај Пелагон со пет бода, второто Шкупи со четири е прволигаш, додека заостанаа Центар со три и Карпош без бод.

Од категоријата

ВЕЛЕСКИ ГО ПОСТИГНА НАЈВИСОКИОТ ПЛАСМАН

Зоран Иге

ПРИЛЕП ДОБИ МЕЃУНАРОДЕН СУДИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ВО БОРБА ЗА 150 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе