Шах

СВЕТСКИ ТАЛЕНТ САКА ДА ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП, НО ПРОБЛЕМ СЕ ПАРИТЕ

Името на 16-годишниот Индиец Домарају Гукеш веќе повеќе години се споменува во светските медиуми коишто го третираат шахот, а токму овој играч има желба да биде пак прва табла на ШК Прилеп, како и минатата година. За тоа потврдуваат од прилепскиот клуб.

„Пред два месеца контактиравме, при што тој се интересираше дали и оваа година ШК Прилеп ќе учествува во Европскиот клупски куп. Ние имаме право и доколку учествуваме, тој изрази желба да игра за нас. Но, тешко е со финансиите, знаејќи дека ова натпреварување е во Австрија па трошоците се големи. Тешко е да ја оствариме оваа желба на чудото од дете, трет играч во историјата на шахот што на оваа возраст надмина 2700 рејтинг-поени.“, рече за Радио Пела претседателот на ШК Прилеп, ИМ Тони Кироски.

Минатата година, на Европскиот клупски куп во Струга, Гукеш како прва табла на ШК Прилеп постигна четири победи, три реми, без пораз, беше прогласен за најдобар шахист на натпреварот, на кој прилепската екипа го освои 14. место во Европа.

Од категоријата

СЕ ПОЈАВИ ДЕТЕ ШТО ГИ ПОБЕДУВА СИТЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВЕЛЕСКИ 21 МЕСТО ПОГОРЕ ОД СТАРТНАТА ПОЗИЦИЈА

Зоран Иге

ИГРАЧ НА ПРИЛЕП Е НА ПАТ ДА СТАНЕ СВЕТСКИ ПРВАК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе