Шах

САМО ОВДЕ ИМА БОРБА НА 12 ПРОТИВ 79-ГОДИШНИК!

Обично во спортовите има возрасни категории на првенствата, а во шахот сите се групирани на едно место кога има турнири. Така и во Прилеп секој месец се одржува турнир Гран при, со учество на шахисти од сите генерации. На денешниот, во организација на ШК Прилеп, беа 16 учесници од кои највозрасен беше 79-годишниот Стефан Присаѓанец, додека најмал е 12-годишниот Давид Маркушески. Нивниот дуел заврши со реми.

По 15 кола прв е ИМ Тони Кироски со 14 поени (13 победи и две реми), втор Кире Николоски со 12,5, трет Дејан Ѓорѓиески со 12, четврти Марјан Дамчески со 11, петти Матеј Ѕвездакоски со 10,5. Тие се добитници на парични награди.

Следниот турнир од оваа серија е во наредниот месец.

Од категоријата

(ВИДЕО) КАКО ВО ПЕТОКОТ СЕ БОРЕВ СО СВЕТСКИОТ ПРВАК

Зоран Иге

СЕ ПОЈАВИ ДЕТЕ ШТО ГИ ПОБЕДУВА СИТЕ

Зоран Иге

ПРВОТО МЕСТО ИМ ПРИЛЕГА НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе