Ракомет

СКУСЕН СПИСОКОТ НА ЗАМИНАТИ

Како минуваат деновите откако стартуваа тренинзите на 27 јули, се подобри вести доаѓаат од машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Покрај потписот за останување на левото крило Христи Бикоски, се случи и скусување на списокот заминати. Така, средниот бек Марио Гичев одлучи да остане иако претходно беше споменуван заедно со заминатите Зураби Цинцадзе, Казеин Рустамов, Хари Павлов, Владимир Трајкоски, Даниел Андоновски и Марко Трајковски. Новиот тренер-играч Реваз Чантурија ќе може да смета и на Мириани Гавашелишвили, Давор Шокоски, Стефан Лозаноски, Филип Адамчески, Мартин Карафилоски, Никола Стојкоски, Лео Дамчевски, Иван Ангелески, Стефан Христоски и ред  други помлади ракометари кои минатата сезона беа во клубот. А ќе има и новодојдени, како што е повратникот, пивотот Пеце Ѓорѓиески, досегашен член на Струга.

Покрај тренинзи, од следната недела ќе има пријателски мечеви на Прилеп.

Од категоријата

ЖДРЕПКА: ПРИЛЕП СО ПЕЛИСТЕР!

Зоран Иге

МНОГУ БОРБА ЗА – РЕМИ!

Зоран Иге

НОВ БЕК ДЕНЕСКА ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе