Фудбал

ПОБЕДА ДЕНЕСКА ПОЧНУВА СО 12 ИГРАЧИ!

На денешниот соседски дерби-натпревар со кавадаречки Тиквеш, прилепска Победа по три години се враќа на прволигашката сцена, но вистинското враќање се случува по долги 12 години. Тоа е така затоа што претходните учества во елитното друштво од 2016 до 2019 година беа на гостински терени, надвор од Прилеп или на игралиштето кај Могилата. Победа вистински домаќин е само кога игра на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, а тоа се случува токму денеска (17 часот) по долги 12 години. Последниот прволигашки меч на овој терен беше во далечната 2010 година , со Турново. Затоа гладта е голема за прволигашки фудбал на прилепскиот стадион и попладнево се очекуваат илјадници гледачи од Прилеп и од Кавадарци. Практично, Победа ќе има силна поддршка од трибините, поддршка од 12-тиот играч, публиката. Последниот дуел на овие ривали беше второлигашки, на 27 март 2021 на Могила, кога гостите победија со 1:0. А последниот прволигашки дуел се случи на 25 април 2004 кога Победа победи со 3:2.

За денеска главен судија е Александар Грујоски, помошници Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски (сите од Кичево), делегат Антонио Насевски (Кратово).

 

Можни состави

ПОБЕДА: Тофилоски – Паноски, Стомнароски, Петејчук, Кисески-Илијоски – Бошески, Рамани, М. Наумоски – Тодороски, Мазари, Б. Спиркоски. Тренер: Бобан Бабунски.

ТИКВЕШ: Димовски – Наумчески, Спахиу,  Стојков, Христов – Каракамишев, Вареловски, Мишов – Карчески, Ивановски, Барга. Тренер: Влатко Костов

Од категоријата

ПРИЛЕП: КОИ НОВОСТИ ОД НОВАТА ФУДБАЛСКА ШКОЛА?

Зоран Иге

(ВИДЕО-ИЗВЕШТАЈ+СТАТИСТИКА+ФОТО) ПОБЕДА ОЧЕКУВАШЕ ДВА ОФСАЈДА, НЕ ДОБИ НИЕДЕН И ЗАГУБИ!

Зоран Иге

И НАТАМУ НОВИ НА ТРЕНИНЗИТЕ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе