Службено е објавена регистрацијата на двајца странци во фудбалскиот прволигаш Победа. Првиот е Нигериец – Амос Губам Дадет, 22-годишен за врска, вториот е Белгиец – Амасихоху Џејмс Акугбе, исто 22-годишен, напаѓач. Така, Победа има деветмина нови, бидејќи претходно пристапија: одбранбените Методија Делов, Огнен Ѓурковиќ и Игор Паноски, за врска Хамза Рамани, левите странични Агон Хани, Марко Симуновиќ и Христијан Коцев, додека голманот Ѓорѓи Јованоски се врати во виничка Слога.
Сите ќе имаат право да настапат откако ќе поминат на Комисијата за регистрација.