Скопјанецот Иван Галевски (25 години) е во редовите на прилепскиот фудбалски прволигаш Победа. Тој веќе неколку дена тренира со новиот клуб. Може да придонесе на повеќе места – во страничните линии, во средниот ред и во нападот. Доаѓа од прволигашот Струга. Претходно има настапувано за кратовски Силекс, Пехчево, скопски Еуромилк, а матичен клуб му е Македонија ЃП. Една година има играно во Португалија.
Сега се очекува што поскоро датумот за право на настап на Галевски за Победа.