Денеска е 2. коло од женската фудбалска Прва лига на Македонија, во чии рамки дербито во Каменица помеѓу Саса и прилепска Деспина. Двата тима силата ја покажаа на стартот, кога Деспина дома со 8:0 го совлада велешки Борец, а Саса во Куманово со 11:0 беше надмоќна над домашната Речица. Летово Саса и Деспина одиграа пријателски меч во Прилеп, кој заврши 0:0.
Денешното дерби почнува во 15 часот.