Во натпревар од 3. коло на машката Супер лига на Македонија, А-група, скопски Вардар беше пресилен противник за екипата на Прилеп. Конечниот резултат е 19:34 (12:17). Најдобар стрелец кај гостите Дејан Манасков со 8, а од домашните Давор Шокоски со 10 гола.
Потоа во истата сала од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во меч од 2. коло на женската Супер лига на Македонија, Б-група, се сртенаа Деспина – Металург 18:38 (7:19).
Во наредното коло следи гостување кај струшките ривали, Прилеп со Струга и Деспина против Стружанка.