Попладнево (14 часот) на Тренинг-центарот од ФФМ „Петар Милошевски“ во Скопје е реванш-мечот од 1. коло на Младинската лига на УЕФА помеѓу првакот на Македонија Победа и првакот на Северна Ирска, Колерајн. Пред седум дена во Колерајн домашните победија со минимални 3:2. Прилепскиот тим се покажа како достоен ривал на првиот натпревар и со реални шанси за пласман во 2. коло. За разлика од првиот дуел кога на големо изненадување судеа домашни судии од Велика Британија, сега се очекува објективна арбитража од судиската тројка од Германија.ТВ-пренос нема затоа што сите права ги има УЕФА. Подобриот оди на мегдан со Славија Прага (Чешка) или Генк (Белгија).
ПОБЕДА (4-3-3): Мариновски – Ѓорчески, Аризанкоски, Ковиловски, Поп-Антоски – Крстески, Кочоски, Јакопетревски – Дебрешлиоски, Тодороски, Тошески. Клупа: Шемковски, Варошаноски, Шиков, Миланоски, Петејчук, Нанчески.