Неготински Вардар со високи 4:0 го совлада крушевски Питу Гули на дербито од 6. коло на фудбалската Трета лига – Југ. Стрелци: Кирил Неделков во 11, Ѓорѓи Шишков во 52 и 61, Марјанчо Илов во 72. минута. Тимот од Неготино есенва реди само победи, како и во претходното првенство. Дали ќе му се дозволи така до крајот на првенството? Засега непоразена екипа остана само уште Големо Коњари, по денешната победа од 4:0 над Обршани. Головите ги дадоа: Ерџан Ибраимоски 45+3, 48, 59, Борче Макешоски 63. Други резултати: Бучин – Слога 1:6, Локомотива – Росоман 1:1, Марена – Канатларци 11:2, Превалец – Младост 7:1.
СЛЕДНО 7. КОЛО (16 октомври во 14 ч.): Младост – Бучин, Канатларци – Превалец, Обршани – Марена, Питу Гули – Големо Коњари, Росоман – Вардар, Слога – Локомотива.