Фудбал

БАБУНСКИ: УНИВЕРЗУМОТ И ВРАЌА НА ПОБЕДА!

Победа како аутсајдер влезе во дуелот со фаворитот Силекс, надевајќи се на бод, а успеа да ги освои трите бода. На прилепскиот тим му требаше овој успех токму во овој момент, кога завладеа песимизам. Задоволството е очигледно.

 „Не само резултатот и бодовите, за нас е многу важно што на овој натпревар се истакнаа некои фудбалери кои покажаа дека не се заборавени. Тие видоа дека со стрплива работа и упорност можат да одат во прогрес, а ние потенцираме дека сите нѝ се потребни, особено во оваа Прва лига, за која треба и квалитет и квантитет. “, вели Бобан Бабунски, шефот на Стручниот штаб.

Сите три гола паднаа во минути најпосакувани, кога ривалот тешко може да возврати. Водечкиот на Филип Стомнароски е во последната 45. минута од првото полувреме, вториот на Анатолиј Петејчук во 91., третиот на Игор Паноски во 94. минута.  

„Интересно е што истото нам нѝ се случи на претходните натпревари, на наша штета.  Така беше со Струга, со Тиквеш, со Шкендија… Поучени од тоа, бевме многу посконцентрирани во тие моменти, а и Универзумот, едноставно, ни врати“, смета Бабунски.

Следниот дуел е в сабота, дома, со Академија Пандев.

Од категоријата

(состави, стрелци) ЧЕТИРИ-ТРИ НА ПЕНАЛИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

БРАЌА И БРАТУЧЕДИ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ!

Зоран Иге

НОВО ИМЕ НА ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе