Во Кавадарци попладнево Тиквеш – Победа 1:0. Стрелец на единствениот гол е прилепчанецот Даниел Карчески, довчерашниот капитен на прилепскиот тим. Одлучувачкиот момент е во 37. минута. Една вратена топка кон голманот, затрчаниот Карчески ја упати во мрежата. Во тврд натпревар, без многу шанси, прилепчаните можеа да извлечат барем бод, но кавадаречката екипа вторпат со ист резултат од 1:0 ја совладува Победа. И пред два и пол месеца во акцијата беше учесник Карчески, како асистент на голот што тогаш го постигна Александар Мишов.
ТИКВЕШ: Димовски, Наумчески, Спахиу (61. Миловановиќ), Ивановски, Лазаров (75. Тасев), Карчески, Ѓурковски, Темелков (61. Стојков), Вареловски, Барга (75. Мишов), Христов (78. Петковски). Тренер: Гордан Здравков.
ПОБЕДА: Тофилоски, Хани (73. Коцев), Стомнароски, Делов, Тодоров, Б. Спиркоски (87. Тошески), Мазари, М. Наумоски (87. Аризанкоски), Тодороски, Бошески, Петејчук (62. Галевски). Тренер: Бобан Бабунски.
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Македонија ЃП – Шкупи 1:1, Струга – Брегалница 2:2, Академија Пандев – Работнички 0:2 и Силекс – Шкендија 1:1.
СЛЕДНО 14. КОЛО (6 ноември во 13 часот): Победа – Македонија ЃП, Скопје – Силекс, Шкендија – Академија Пандев,Работнички – Струга, Брегалница – Тиквеш.