Кога наближува Европско или Светско првенство, еуфоријата од ден на ден се зголемува и се е подредено на престижниот фудбалски настан. Којзнае колку децении наназад се собираат сликчиња во албумот наменет за соодветниот мундијал. Албумите се чуваат како нешто многу вредно. И ден-денеска има луѓе што чуваат албум од Светското во Минхен 1974 година. Во седумдесеттите години од минатиот 20 век имаше албуми со сликички од екипи и фудбалери на Првата и Втората југословенска лига. Затоа, во овие албуми беа и фудбалерите на прилепска Победа. Во еден албум од сезоната 1976/77 има места за 16 слики од прилепскиот клуб. Прво е амблемот, потоа групната слика на екипата, па 14 играчи. Ги гледаме во црвено-бели дресови: Тоде Тодороски, Владо Патоски, Стеван Тоскоски, Благој Митев, Ванчо Дрвошанов, Гоце Момироски, Лазар Илиев, Гоце Манески, Јове Магдески, Ристо Глигороски, Рубин Ѓорѓиоски, Пеце Трајкоски, Лазар Петрески и Иван Мечев.
Сличен албум од прволигашки и второлигашки екипи има и во шеесеттте години од минатиот век.
.