Фудбал

ТЕШКО Е ВО ПРИЛЕП БЕЗ ПРВОЛИГАШКИ ФУДБАЛ!

По минатонеделниот меч Победа – Македонија ЃП (1:3) викендов прилепскиот тим е слободен, во 15. коло од фудбалската Прва лига на Македонија. И не само овој викенд, уште следните 15 дена ќе нема прволигашки фудбал на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ поради паузата во целата лига. Прилепчаните, „изгорени“ за фудбал кои постојано ја полнат трибината, се прашуваат: Како ли да се издржи 21 ден? Наредниот меч е дури на 27 ноември, дома со шампионот Шкупи.

Денеска од 13 часот играат: Шкупи – Скопје, Тиквеш – Работнички, Струга – Шкендија, Академија Пандев – Силекс. Утре: Македонија ЃП – Брегалница.

ДЕНЕСКА ДЕРБИ НА ВЕШТАЧКАТА ТРЕВА

Попладнево од 14 часот е фудбалско дерби Деспина – Скопје од 8. коло на Првата женска лига на Македонија. Двата тима имаат по 12 бода и од петтата и четвртата позиција на табелата имаат изгледи за напредок до третата. Натпреварот е на игралиштето со вештачка трева во Прилеп.

Други двојки: Ас унитед – Саса, Тиверија – Борец, Кочани – Шкендија, Љуботен – Истатов, Речица – Кул здравје.

Од категоријата

(фото, резултати, стрелци) ДОМАЌИНОТ ПОУСПЕШЕН НА ВЕШТАЧКАТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ПО 18 ГОДИНИ ИМА ШАНСА ЗА ТИТУЛА

Зоран Иге

ГОЛЕМА РАДОСТ ВО БУЧИН!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе