Во Скопје беше организиран семинар за арбитри на ФИДЕ од страна на Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Скопје, под покровителство на ФИДЕ. По испитниот тест од четири и пол часа, положија петмина, кои се стекнаа со титулата ФИДЕ-арбитер: Вахидин Исмаили и Зоран Стојчевски од Скопје, Оливер Органџиев од Велес, Зоран Илиќ од Куманово, како и Кире Николоски од Прилеп. Тој е втор прилепчанец со таква диплома, покрај Тони Кироски.
Прилеп е град каде често има шаховски настани. Во саботата по петти пат имаше Аматерски блиц-турнир на кој победи 18-годишниот Леонид Грашкоски, а вчера беше единаесеттиот турнир Гран-при на кој победи интермајсторот Тони Кироски.