100 години фудбал во Прилеп

ТРИБИНА ЗА СТОЕЊЕ!

Насловов за многумина ќе изгледа чудно, но во минатото на многу стадиони имаше трибини за седење и трибини за стоење. Тие за стоење обично беа зад головите. На прилепскиот стадион никогаш немало делба, трибините биле само со можност за седење. Меѓутоа, Победа има повеќепати играно пред полн стадион од 20 илјади гледачи во Скопје, каде дел од присутните биле на трибините за стоење. Тие трибини не само што го носат тој наслов „Трибина за стоење“ туку таму навистина не може да се седи. Тоа е затоа што редовите на трибината се доволно широки за да може човек да стои на стапалата, но истите редови се толку ниски за да не може да седне. Висината од еден до друг ред е само десетина сантиметри. Затоа два часа и повеќе луѓето само стојат и така мораат да издржат до крајот. Токму поради ова и влезниците таму се најевтини.

Пред две-три децении се сметаше дека ова третирање на луѓето е нехумано и се укинаа трибините за стоење, но сега пак се воведуваат за сите што сами сакаат само да стојат и така цело време да навиваат.

Од категоријата

ПОСЛЕДНИОТ ПЛАКАТ ЗА ПОБЕДА

Зоран Иге

ГОЛ ЗА ПОБЕДА ВО МЕШАНИЦА ОД 20 ИГРАЧИ!

Зоран Иге

ОДЛУКАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА НЕРЕШЕНИОТ РЕЗУЛТАТ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе