Есенва секоја втора сабота во салата од ОУ „Добре Јованоски“ се случуваше кошаркарски меч, но претстојниов викенд ќе има исклучок. Поради тоа што токму в сабота ќе стартува традиционалниот Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“, а истиот ќе трае до 25 декември, кошаркарскиот дуел од последното 9. есенско коло на Б-групата од машката Трета лига, Мега баскет – Љуботен е поместен два дена порано, за в четврток во 14 часот. Значи, токму на празникот Свети Климент Охридски ќе има кошарка.
На табелата Мега баскет води со максимални 14 бода и се очекува уште еден триумф за осум победи од осум меча.