Попладнево (14 ч.) е дуелот Прилеп – Металург од елиминациското коло на Купот на Македонија во ракомет за мажи. Победникот влегува во групната фаза, меѓу 16 тима во 4 групи. Прилеп условно може да се смета за фаворит, со оглед на 6. место во А-групата од Супер лигата, во однос на Металург кој е на 4. место во Б-групата од Првата лига.
Дуелот е во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.