Во Подгорица, Црна Гора се одржа Меѓународен пингпонгарски турнир за лица со инвалидност. Во категоријата 8 беа над 40 учесници од цел Балкан, меѓу кои и прилепчанецот Рубинчо Ристески, репрезентативец на Македонија. Прво беше успешен во групната фаза, потоа и во четвртфиналето, со противници од Црна Гора, Србија, Хрватска… На крајот го освои бронзениот медал, што не е изненадување ако се има предвид дека на сите досегашни учества таму земаше медал. Всушност, тој е првиот победник на турнирот во 2017 година.
Ристески е најистакнатиот член на клубот Прилеп, лидер во Втората лига на Македонија.