Вечерва се совпаднаа полуфиналниот меч од Светското првенство Хрватска – Аргентина на ТВ, со натпреварите од Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во салата од ОУ „Добре Јованоски“. Прилепските љубители на фудбалот кои го сакаат и едното и другото, не можеа да гледаат се одеднаш. Некои гледаа мал фудбал од 18 до 20 часот, други од 22 до полноќ. Малкумина се одлучија цело време да гледаат само мал фудбал. Секоја чест на тие што играа меѓу 20 и 22 часот, на тие што беа дел од организацијата.
На првите натпревари беа идентични резултати. Рустика кетеринг со 4:1 беше подобра од Фреш Бо-То, а Декор колор Хајф кафе со 4:1 го совлада Тим Јосифов.