Фудбал

ДВА ДЕНА БОРБА ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ!

Денеска и утре се завршните натпревари во сениорска конкуренција од групната фаза на десеттиот Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. На овие дуели паѓа одлуката кои екипи влегуваат во осминафиналето. Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ вечерва од 18 до околу 23 часот се натпреварите: Мебло трејд – ВИК Македонија, Ресторан Хризантема – Трисоро, Гостилница кај Џек – Фасада Чајник, Гостилница кај Мече – Кафе Лули, Гостилница кај Мече – ВИК Македонија . Се очекува настап на познати играчи од големиот фудбал, како и претходните денови кога се претставија, меѓу другите Антонио Столевски за Декор колор Хајв кафе (довчерашен голман на Победа сега на струшки Караорман), Христијан Тодоровски за Теа Андреа (некогашен играч на Победа сега на Петровец), Воктор Тошески за Рустика кетеринг (Победа) и многу други. 

РЕЗУЛТАТИ ОД ВИКЕНДОТ: Ресторан Хризантема – Најс травел 2:3, Сендвичара Грижо Ла страда – Бела подморница 1:0, Сквер кафе Ресен – Паркетар Горан 5:0, АСП Пак – Фасада Чајник 3:0, АСП Пак – Кафе дома 7:1, Дкор колор Хајв кафе – Микросам 2:3, Зона премиер – Пролетер 5:0, Зона премиер – Ана Марија фуд 2:0, Теа Андреа – Микросам 5:0, Скара на кило Кусио – Тим Јосифов 3:0, Афикс пласт – Комфи ангел 3:0, Афикс пласт – Пекара Џулијано 5:1, Црна Река – Ресторан Бабино Ланч бар база 3:0.

Од категоријата

ПРВА ПОБЕДА СО НОВОТО ИМЕ – ЦЕВИТАНА!

Зоран Иге

( фото, состави, стрелци ) ВО ПРИЛЕП ПРЕСВРТ ПО 0-2!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПРВ ПОРАЗ НА БАШКИМИ, КАДЕ АКО НЕ ВО КРУШЕВО, СО ДВА ГОЛА НА АЛИОСКИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе