Фудбал

ВЕЧЕРВА СЕ БИТКИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ!

Атмосферата се движи кон кулминација на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола„ во Прилеп. Вечерва во салата на ОУ „Добре Јованоски“ се полуфиналињата во сениорската конкуренција. Во 19 часот се среќаваат Скара на кило „Кај Кусио“ (Прилеп) – Гостилница „Кај Мече“ (Скопје) и Гостилница „Кај Џек“ (Охрид) – Виталија Ветаџока Стара фурна (Прилеп/Скопје). Четирите најдобри екипи се борат за влез во големото финале. Тие вчера постигнаа убедливи победи на четвртфиналните дуели: Скара на кило „Кај Кусио“ – Зона премиер (Скопје) 5:1, Виталија Ветаџока Стара фурна – Влав шпед (Крушево) 5:1, Гостилница „Кај Мече“ – Рустика кетеринг (Прилеп) 3:0, Гостилница „Кај Џек“ – Андринико (Скопје) 5:3.

Вечерва сениорските полуфиналиња се од 19 до 22 часот, помеѓу нив е пионерско финале за 2008, а програмата за другите пионерски мечеви е почната од 10,30 часот.

За сите што не ќе можат да стигнат до влезница, следниов линк:

https://www.youtube.com/@Markov_Gard/streams

Од категоријата

ПАК МЕЧ ЗА 5000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

СУДИЈАТА УДРЕН ВО МАРЕНА, ГОЛЕМО КОЊАРИ СО ДВА ГОЛА МУ „ЧЕСТИТА“ НА ВАРДАР!

Зоран Иге

(ВИДЕО) МАЗАРИ: НЕ МИСЛИМЕ САМО ЗА ОПСТАНОК, АМИ И ЗА МЕСТО ПОГОРЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе