Од 26 до 30 декември 2003 година машката екипа Тутунски комбинат, водена од тренерот Зоран Зечевиќ зеде учество на силниот Меѓународен турнир „Божик 2003“ во Франција, во организација на клубот Иври. Прилепскиот тим во групната фаза загуби од репрезентациите на Алжир и Романија, како и од домаќинот Иври, а во борбата за 7. место ја совлада репрезентацијата на Кувајт.
Учесник беше и репрезентацијата на Македонија, која го освои 4. место.