100 години фудбал во Прилеп

СЕКОЈ НОВ СТИЛ БАРА ВРЕМЕ

Кога има нов тренер во екипата, има и нов стил на игра. Така било отсекогаш, така и есента 1975 година, кога во Втората југословенска лига – Исток Победа ја води тренерот Часлав Божиновски. Се работи за наметнување на т.н. тотален фудбал.

– Знам дека публиката негодува. Тоа не е само во спортот, ами и  во другите области, кога се внесува некоја новина. Ваков фудбал бара денешното време, и ние мора да се носиме со времето – се објаснувањата на Божиновски во медиумите.

Какви се придобивките од овој начин на игра?

– Ваквиот стил можеби не дава можности Победа да постигне 50, но уште помалку да прими 52 гола, како што беше случај во минатото првенство. Овој стил не дозволува цели 90 минути да трчаат само два-тројца фудбалера, а другите да гледаат или повремено да потрчуваат.

Ваквиот стил бара голем играчки фонд, во кој не се само потврдените првотимци  Тоде Тодороски, Ванчо Дрвошанов, Благој Митев, Методија Цветкоски, Јове Магдески, Гоце Момироски, Пеце Трајкоски, Иван Мечев, Гоце Манески, Ристо Глигороски, Живко Ѓорѓиоски, Стевчо Ангелов… Мора да има уште барем десетина такви.

– Затоа јас ги уигрувам сите 22 играчи, и не случајно сметам на сите нив. Прилеп има сили и затоа ќе има добар фудбал.

Победа и во оваа сезона го постигна опстанокот во второлигашкото друштво.

Од категоријата

НАВИВАЧИТЕ СО БАРАЊЕ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО НА КЛУБОТ!

Зоран Иге

(аудио) ОФС ПРИЛЕП ВО НОВИТЕ КАНЦЕЛАРИИ!

Зоран Иге

ЕДЕН КЛУБ НАЈАВЕН, ДРУГ ГОСТУВАШЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе