Од 3 декември трае паузата во првенството на фудбалската Прва женска лига на Македонија, така што време е за враќање кон активностите. Според најавата на шефот на Стручниот штаб Стевче Талески, екипата Деспина првиот собир и тренинг ќе ги има в петок, на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Почнуваат подготовките за пласман меѓу првите четири екипи на табелата, со оглед на веќе освоеното 4. место веднаш под тетовски Љуботен, каменичка Саса и струмичка Тиверија. Можностите за успех се и во Купот, каде е влезот во четвртфиналето, дома со Тиверија.
Од петок ќе има информации во врска со играчкиот кадар.