Веќе две недели во салата на ОУ “Добре Јованоски” се подготовките на Мега баскет, за пролетниот дел од кошаркарската Трета лига Б-група. Тренерот-играч Стефан Стевананџија доби нов во играчкиот кадар, 23-годишниот плејмејкер Давид Петрески. Тој е долго време член на клубот, а се враќа по куса пауза.
– Можно е да ни се приклучи уште еден нов. Важно е и тоа што сите досегашни остануваат. Добро тренираме секој ден, а единствен проблем ни се повредите на неколкумина кошаркари – вели Стевананџија.
Првенството во кое Мега баскет е лидер на табелата, продолжува на 4 февруари дома со Гостивар.
претходна објава