Фудбал

(ФОТО) ПРИЛЕПСКИ ОТПОР НА ЕКСШАМПИОНОТ!

Саса од Каменица, една од најсилните женски фудбалски тимови во Македонија, попладнево гостуваше во Прилеп, на теренот со вештачка трева, каде на пријателски меч се сретна со домашната Деспина. Прилепската екипа беше достоинствен ривал на ексшампионот. Одбраната успеа да спречи многу опасни акции и шутеви, а во контра се укажаа неколку можности да се загрози гостинскиот гол. Особено се истакна одличната голманка Иман Шљиво од Босна и Херцеговина, која го продолжи договорот со Деспина до 2024 година.  Дури во финишот на мечот Саса успеа да дојде до победоносен гол, преку Американката Алис Елизабет.

Тренерот на Деспина Стевче Талески не можеше да смета на неколку првотимки, а во екипата на проба беа потенцијални засилувања. Во рамките на подготовките, можно е да се одигра уште некој контролен меч.

Првенството од Првата женска фудбалска лига на Македонија би требало да продолжи во март.

 

Од категоријата

(ФОТО) ИГРАА ЗА КУП, МИСЛЕА НА ПРВЕНСТВОТО

Зоран Иге

ПАК ПРИМИЈА ШЕСТ, БАРЕМ ДАДОА ДВА!

Зоран Иге

ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЧИ ОД СЕДИШТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе