Фудбал

ДАМЕВСКИ ВЕРУВА ВО КВАЛИТЕТОТ И ЦВРСТИОТ КАРАКТЕР НА ПОБЕДА!

Загреана е атмосферата пред првиот пролетен прволигашки меч, Победа – Работнички во Прилеп. Два тима еден до друг на табелата, во борба за опстанокот, тоа е гаранција за интересен дуел на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Свое видување има Благојче Дамевски, шефот на Стручниот штаб на Победа.

– Без оглед на состојбата во клубот, максимално подготвени и мотивирани го дочекуваме почетокот на вториот дел од прволигашкото првенство. И покрај сите проблемисо кои се соочуваме во подолг период, јас верувам во квалитетите и цврстиот карактер на сите момци, од првиот до последниот. Знам дека сите заедно ќе изгинеме, оставајќи го срцето на теренот на сите натпревари кои ни претстојат, за да ја оствариме нашата зацртана цел – опстанокот.

За сериозноста на овој дел нема потреба многу да се зборува. Секој гол и бод е важен во пролетниот дел. Оттука прилепскиот клуб зимава вложи напори да се консолидира за да излезе победник во тешката битка со ривалите.

– Почнувајќи од неделниот, секој меч ќе биде финале за нас. Токму на таков начин ќе пристапуваме. Претрпивме големи промени, се разделивме со доста играчи, а исто така ни пристапија многу нови квалитетни. Задоволни сме од преодниот рок и подготвителниот период. Здравствениот билтен е на завидно ниво. Ги имаме скоро сите на располагање, освен Агон Хани под суспензија поради картони, Петковиќ, Делибашиќ, Фавахри поради средување на документацијата, Ги поканувам сите навивачи,  „Мајмуни“ и „Маркови внуци“ да ги поддржат и бодрат нашите момци, за сите заедно да ја оствариме целта – е пораката од Благојче Дамевски.

За неделниот дуел од 14 часот се очекува убаво сончево време и многу гледачи на трибините во Прилеп.

Од категоријата

РЕДОСЛЕДОТ МЕЧЕВИ ДОМА: САБОТА – СРЕДА – СРЕДА

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОЧНУВА ДОМА СО НОВАЦИ

Зоран Иге

ПЕТМИНА ПРИЛЕПЧАНИ НА КУП-ФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе