Фудбал

(ФОТО+ВИДЕО) ДРАМА ВО ПОЛЗА НА ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ!

Дека и женскиот фудбал е интересен, покажа четвртфиналниот меч од Купот на Македонија попладнево, Деспина – Тиверија. Домашниот тим победи дури по изведувањето пенали со 4:3, бидејќи во основните 90 минути беше нерешено, 1:1. На игралиштето со вештачка трева имаше голема борба. Екипата Деспина поведе со голот на Настасја Накова во 8. минута, а Тиверија израмни во 66. минута преку прилепчанката Теодора Димоска.

Во серијата пенали, стрелци за прилепскиот тим беа Катерина Милеска, Николина Батиниќ, Јана Чубриноска и Сара Ефтинџиоска, а голманката Иман Шљиво одбрани два пенала. За струмичкиот состав голови од белата точка дадоа Радица Велкова, Маријана Јанков и Теона Галабовска.

Деспина е во полуфиналето, каде се уште тетовските Љуботен и Шкендија, како и Саса од Каменица. А и натаму е интересно и во Првата женска лига, каде Деспина во неделата со 10:0 го совлада Борец во Велес. Веќе в недела (15 ч.) Деспина која е третопласирана во Прилеп игра дерби со ексшампионот и моментно второпласирана, Саса.

ДЕСПИНА: Шљиво, Накова, Павловска, Милеска, Трендова (88. Каралиоска), Батиниќ, Боризоска, Ефтинџиоска, Илиевска, Максимовиќ (77. Љондевска), Чубриноска. Тренер: Стевче Талески.

ТИВЕРИЈА: Панчурова, Бошеска, Р. Велкова, Јанков, Ѓорѓиева, Галабовска, С. Велкова, Николова (46. Николовска), Панеска, Јосифова (58. Василева), Димоска. Тренер: Славе Велков.  

Видео :

Од категоријата

ПРИЛЕП ИМА ГЛЕДАЧИ ШТО НЕ ПРОПУШТААТ ТРЕНИНГ, КАМОЛИ НАТПРЕВАР!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ЛИДЕРОТ КУРТУЛИ ВО 90. МИНУТА!

Зоран Иге

ВАКОВ РЕЗУЛТАТ НЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе