Ништо не е сменето во борбата за титулата во пингпонгарската Супер лига на Македонија. Водечките екипи постигнаа победи и се со ист број бодови на табелата. Скопски Телеком нец 2 со убедливи 4:1 го совлада Кочани (преку поените на Роберт Михајловски 2, Србинот Милош Миленковиќ и Димитрие Жоговски), а прилепска Младост 96 со 4:3 беше подобра од Крива Паланка (со поените на Србинот Ѓорѓе Борчиќ 2, Петар Костовски и во двојки на овие двајца играчи). Резултати од 10. коло: Берово – Рисови 4 : 3, Кочани – Телеком нец 2 – 1 : 4, Младост – Крива Паланка 2007 – 0 : 4, Младост 96 – Крива Паланка 4 : 3, Шампион ФА – Работнички 4 : 2.
Табела: Телеком нец 2 (Скопје) и Младост 96 (Прилеп) по 19, Крива Паланка 2007 17, Берово 16, Младост (Прилеп) и Шампион ФА (Штип) по 14, Работнички (Скопје) 13, Рисови (Скопје) и Крива Паланка по 10, Кочани 9.