Викендов се натпреварите по групи од Купот на Македонија. Најдобрите влегуваат во завршницата, во полуфиналето. Во женска конкуренција, во рамките на групата 2, во салата „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп домашната Деспина со 35:16 (19:7) го совлада скопскиот Кузман Вардар. Утре (недела) во Скопје ќе се игра за победник во групата, а прилепчанките го чекаат подобриот од денешниот дуел на скопските ривали Вардар и Шампион.
Во Купот за мажи, денеска (15 ч.) во Скопје екипата на Прилеп игра со неготински Вардар, во групата 3. Подобриот од дуелот в недела се среќава со подобриот од мечот Бутел – Алкалоид.
Ракометните првенства продолжуваат на 25 и 26 март.