Во рамките на 4. рунда од Супер лигата на Македонија за жени, В-група, прилепска Деспина како гостин со високи 29:15 го совлада Шампион во Скопје. Ова е втор есенски триумф на прилепската екипа. Најефикасни: Мила Филипова со 4 (Шампион), Андреа Конеска со 6, Анастасија Јованоска со 5 гола (Деспина). Во следната 5. рунда, Вардар – Деспина во Скопје.
ТАБЕЛА
Во рамките на 6. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, во Скопје Бутел – Прилеп 25:18. Трет есенски пораз на прилепската екипа. Најефикасни: Христијан Милошески и Дејан Михајловиќ со по 4 (Бутел), Божидар Илиески и Томислав Квастек со по 5 гола (Прилеп). Во следното 7. коло, Прилеп дома игра со скопски Вардар.
ТАБЕЛА