Фудбал

РЕПРИЗА ВО ПРИЛЕП! (фото+видео+статистика)

Како и пред две недели, во Прилеп убедлив триумф на Силекс врз Победа. Тогаш беше 4:1, сега 5:1. Има доста заедничко за двата меча. Тогаш при 1:1 беше неправедно досуден пенал за Силекс, а денеска при 1:2 Победа имаше добра игра, и кога се чинеше дека ќе израмни, дозволи гостите да зголемат на 3:1, и крајниот резултат потоа беше очекуван.

Интересно е што во првиот дел кратовчаните двапати опасно шутнаа и дадоа два гола преку Хамза Рамани во 6. и Виктор Серафимовски во 44. минута. Надежта за домашните им се врати во 47. минута кога намали Ване Јованов. Оттогаш па се до 75. минута беше голема борба. Неколку опасни акции пред гостинскиот гол не го сменија резултатот, но имаше време за израмнување.

На разочарување на домашната публика, во 75. минута Давид Манасиевски зголемува на 3:1 и тука немаше дилеми дека трите бода патуваат за Кратово. И да имаше добри периоди во играта на Победа, сето тоа како впечаток се расипа сосема на крајот со двата гола на Марко Ѓорѓиевски во 90. и 92. минута за 5:1.

ПОБЕДА (4-3-3): Тофилоски – Јованов, Стоименовски, Ѓурковиќ, Дујовски (46, Хани) – Ј. Наумоски (59. Алиу), Аризанкоски, Кофиловски – Ферати (59. Кудијан), Трајкоски (85. Чајани), Делибашиќ (85. Адили). Тренер: Благојче Дамевски.

СИЛЕКС: (4-3-3): Божиновски – Рајков, Петкоски (73. Ричков), Николиќ, Маневски (46. Ефтимов) – Милосављевиќ (69. Манасиевски), Серафимовски, Рамани – Турчин (56. Ристески), Ристовски, Катаниќ (56. Ѓорѓиевски). Тренер: Горазд Михајлов.

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Силекс 1:5, Тиквеш – Македонија ЃП 0:1,  Академија Пандев – Шкупи 1:1, Работнички – Струга 0:1. НЕДЕЛА: Скопје – Шкендија. 

ТАБЕЛА: Струга 46, Шкупи 42, Шкендија и Силекс 38,Брегалница 32, Македонија ЃП 29, Тиквеш 28, Работнички 24, Академија Пандев 20. Скопје 14, Победа 13.

СЛЕДНО 25. КОЛО (2 април во 15 ч.): Шкендија – Победа, Македонија ЃП – Работнички, Струга – Академија Пандев, Шкупи – Скопје, Брегалница – Тиквеш.

ВИДЕО (шанси и голови):

Од категоријата

(ФОТО) СКАРА И ГОСТИЛНИЦА СЕ ВО ФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО+СОСТАВИ) ЏЕК ПОБЕДИ ПРЕД ПРЕПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

НЕМАА ПРИМЕНО ГОЛ ОД ЛАНИ, А ВО ПРИЛЕП ПРИМИЈА ТРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе