Вчера Победа со 5:0 го совлада велешки Борец, во 2. рунда од Втората фудбалска лига на Македонија, а едно од обележјата на мечот во Прилеп е настапот на бранителот Христијан Кукески во домашниот тим. Тој во 61. минута влезе во игра на местото од Матеј Ѓурчиновски. Настапот на Кукески е важен затоа што е по безмалку една година пауза. Претходниот првенствен меч на кој одигра е Победа – Караорман, на 28 октомври 2023 година. Со враќањето во Победа, Кукески е највозрасен играч во тимот, со своите 29 години.
Нови кои настапија за Победа се уште: Мартин Андоновски (Кожуф), Амир Фејзуловски (Детонит), Никола Талески (Брера), Дамјан Ангелковски (Илинден, Скопје) и Матеј Ѓурчиновски (Слога Виница).