Ракомет

ТАСТАТА Е РИВАЛ НА ПРИЛЕП!

Вечерва е 9. рунда од плеј-аутот на машката ракометна Супер лига на Македонија. Во таа рамка се игра мечот Прилеп – Скопје. Мошне важен дуел во борбата за опстанок. Домашниот тим со 17 бода има за цел пробив кон врвот од табелата, гостинскиот со 12 бара приклучок кон водечката четворка. Првите пет на конечната табела обезбедуваат опстанок, шестиот игра бараж, седмиот и осмиот отпаѓаат. Интересно за денешниот меч е што на екипата Скопје тренер и е прилепчанецот Горан Кузманоски – Таста. ТАБЕЛА: Голден арт 21, Куманово 20, Прилеп 17, Струга 15, Скопје 12, Вардар Н., 10 Јуниор КВ 8, Радовиш 2. 

Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп мечот почнува во 20 часот, а ќе го судат битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Од категоријата

ГОСТИТЕ ПРЕСИЛНИ

Зоран Иге

НОВ БЕК ДЕНЕСКА ДОЈДЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ЗЕДЕ ТРИ БОДА ОД НЕГОТИНО

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе