Фудбал

ПАК ПРИМИЈА ШЕСТ, БАРЕМ ДАДОА ДВА!

Ништо ново. Екипата на Победа пак прими 6 гола, попладнево на мечот во Струга, во 27. рунда од фудбалската Прва лига на Македонија. Струга победи со 6:2. Прилепскиот тим се бореше колку што можеше. Поведе со 1:0 со голот на Бесник Ферати, но натаму Струга ја презеде играта и иницијативата. Три гола даде Бесарт Ибраими, по еден Бесмир Бојку, Буњамин Шабани и Сухељ Мухарем, а вториот гол за гостите Андреј Кудијан.

Што се однесува до борбата за бараж-местото, предноста од 5 бода за Скопје во однос на Победа е непроменета, бидејќи во Велес Работнички со 1:0 го совлада Скопје. Други резултати: Македонија ЃП – Академија Пандев 0:0, Шкендија – Тиквеш 4:1, Силекс – Брегалница 0:0. 

ТАБЕЛА: Струга 53, Шкендија 47, Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница 36, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, Академија Пандев 22. Скопје 18, Победа 13.

СЛЕДНО 28. КОЛО (23 април во 16 часот): Победа – Работнички, Силекс – Македонија ЃП, Брегалница – Шкендија, Тиквеш – Шкупи, Скопје – Академија Пандев.

 

Од категоријата

(ФОТО+ВИДЕО+СТАТИСТИКА) СМЕШЕН ПЕНАЛ МУ ЈА ОЛЕСНИ ЗАДАЧАТА НА СИЛЕКС!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) БОРБА ЗА ПЛЕЈОФОТ И ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО!

Зоран Иге

НАЈНОВО: БАБУНСКИ ЈА ВОДИ ПОБЕДА ВО ШТИП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе