Фудбал

НЕ ГО ОПРАВДАА ВТОРОТО МЕСТО: ПРИМИЈА ПЕТ ГОЛА ВО КОЊАРИ!

Во 18. коло од фудбалската Трета лига – Југ за дерби се сметаше Големо Коњари – Питу Гули. Но, како да не беше никакво дерби, како да играа првиот со последниот на табелата. Гостите од Крушево не го оправдаа пласманот – второто место, со оглед на денешниот резултат, дури 5:0 за Големо Коњари. Стрелци: Блеранд Ќамили, Илчо Митрески, Николче Касниоски, Мустафа Салманоски и  Борче Сркески.

РЕЗУЛТАТИ: Марена – Обршани 5:0 (Роналдо Фазлиов 4, Берхан Мемедов), Бучин – Младост 5:3 (Ѓорѓија Мургоски 2, Зоран Мирчески, Мартин Стрезовски, Александар Србиноски – Хоки Тодороски 2, Ивица Мијајлески), Големо Коњари – Питу Гули 5:0 , Вардар – Росоман 3:0 (Ѓорѓи Шишков, Кирил Неделков, Петар Ристовски), Локомотива – Слога 1:1 (Ерсан Шабанов – Адмир Угљанин).

 

ТАБЕЛА: Вардар 48, Питу Гули 41, Големо Коњари 35, Превалец 32, Слога 30, Росоман 27, Марена и Локомотива 21, , Бучин 19,  Младост и Обршани 7, Канатларци 2.

СЛЕДНО 19. КОЛО (23 април во 16 часот): Локомотива – Бучин, Слога – Вардар, Росоман – Големо Коњари, Питу Гули – Марена, Обршани – Превалец.

Од категоријата

ТРОЈЦА БИВШИ ПОБЕДАШИ В НЕДЕЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

МАКЕДОНИЈА САМО НА АРЕНА СПОРТ!

Зоран Иге

(фото, состави) ДЕНЕСКА СПАСОТ ЗА ПОБЕДА  БЕШЕ – БАШКИМИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе