Кошарка

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПОЧНУВА ВО ПРИЛЕП!

Во Прилеп на спортски план потенцијален успех може да се очекува од Мега баскет, чија цел е прогрес од третолигашки во второлигашки ранг. Овој тим е мошне блиску до целта, но за да ја оствари неопходно е елиминирање на две пречки, во бараж-дуелите. Првата, во четвртфиналето е скопски Младинец, екипа на 4. место во А-групата од Третата лига. Се игра до две победи, на 22 и 26 април, а доколку дојде до трет меч, мајсторка, тој е на 29 април. Првиот дуел е в сабота, во салата од ООУ „Добре Јованоски“ со почеток во 19 часот. Предноста на Мега баскет, како првопласиран во Б-групата е во тоа што евентуалниот  трет меч, мајсторката ќе биде во Прилеп.

Натаму, подобриот од дуелот Мега баскет – Младинец ќе се сретне со поуспешниот од Гостивар 2 – Маџари.

Од категоријата

НОВ ИГРАЧ НА ТРЕНИНЗИТЕ!

Зоран Иге

ЕВРОЛИГА И КАЈ НАС!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: СЕЗОНАТА ЗАВРШИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе