Пинг-понг

ПРЕТСТОИ РЕШАВАЧКОТО ДЕРБИ

В сабота во Скопје во спортската сала „Партизан“ во населба Ѓорче Петров е завршницата од Втората пингпонгарска лига на Македонија. Екипата Прилеп игра со директниот конкурент за првото место Студент. Првиот меч есеноска заврши со триумф на Прилеп со 4:1, така што на прилепскиот тим му одговара и пораз поблаг од максималниот 4:0 за да стане прволигаш.

-Одиме на победа иако сме ослабени од неиграњето на двајца првотимци – Бојан Базерковски и Ѕвонко Тодороски, спречени од приватни причини. Според тоа, екипата е во состав: Рубинчо Ристески, Александар Штаргоски, Александар Чадамовски и Бранимир Димков – информира Рубинчо Ристески, еден од најзаслужните што.Прилеп води на табелата со максимални 16 бода.

Второпласираниот тим од оваа лига ќе игра бараж меч.

Од категоријата

УСПЕШЕН ТЕСТ ЗА ВРВНИОТ ТАЛЕНТ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ И НАНЕСОА ПРВ ПОРАЗ НА КРИВА ПАЛАНКА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СЛАВИ: ПЕХАРОТ ОСВОЕН ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе