Ракомет

ДЕВОЈКИТЕ ЗАВРШИЈА – МАЖИТЕ ДО 28 МАЈ

Заврши плеј-аутот од женската Супер лига. Екипата Деспина прво со 24:27 дома загуби од скопски Шампион, потоа во Скопје со 31:28 го совлада Спартак. Со освоените 24 бода е на третото место од плеј-аут табелата или на 11. во целата лига. Табела: Шампион 28, Астибо 25, Деспина 24, Скопје 22, Гевгелија 15, Спартак 10, Кузман Вардар 0. Државен шампион е Ѓорче Петров.

Девојките завршија, а мажите продолжуваат до 28 мај. Во плеј-аутот од Супер лигата, тимот Прилеп, во борбата за 5. место што води до директен опстанок, в недела гостува кај Куманово, на крајот игра дома со скопски Голден арт. Двојки од претпоследното коло: Куманово – Прилеп, Радовиш – Струга, Јуниор КВ – Вардар, Голден арт – Скопје. Табела: Голден арт 30, Струга 24, Куманово 23, Прилеп и Скопје 21, Вардар 16, Јуниор КВ 15, Радовиш 2.

Од категоријата

ПРИЛЕП ЗЕДЕ ТРИ БОДА ОД НЕГОТИНО

Зоран Иге

И БОДОТ ВО ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА ВОДИ КОН ОПСТАНОК!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМ СО ТРЕНЕР ПРИЛЕПЧАНЕЦ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе