Ждрепката во Фудбалската федерација на Македонија ја комплетира Втората фудбалска лига со 16 тима. Покрај довчерашните прволигаши Скопје и Победа (Прилеп), второлигашите Пелистер (Битола), Детонит (Радовиш), Беса и Аресими (Гостивар), Охрид, Кожуф (Гевгелија), Беласица (Струмица), Караорман (Струга), Саса (Каменица) и Тетекс (Тетово), тука се бившите третолигаши кои победија во бараж-мечевите Вардар (Неготино) и Башкими (Куманово), како и поразените од тие натпревари кои беа извлечени денеска на ждрепката, Осогово (Кочани) и Новаци. Така, немаше среќа, па и понатаму ќе биде третолигаш Велазерими (Кичево).
Почетокот на првенството се очекува да биде во првата половина од август.