Фудбал

ПОБЕДА СТИГНА ДО ОПСТАНОК СО 104 БОДА

Сениорите на Победа отпаднаа од Првата лига, но мошне важно е што Младинската школа успеа да остане член на Супер лигата. Освоено е 10. место со 104 бода, над клубовите што отпаднаа – Куманова со 83 и Охрид со 55 бода. Опстанокот е обезбеден порано од последното 22. коло, во кое вчера и денеска се постигнаа овие резултати на дуелите Победа – Македонија ЃП 2:0 (помлади пионери), 1:1 (постари пионери), 0:3 (кадети), 3:2 (младинци).

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Македонија ЃП (Скопје) 169, Работнички (Скопје) 160, Академија Пандев (Струмица) 157, Пелистер (Битола) и Шкендија (Тетово) 139, Вардар (Скопје) 135, Шкупи (Скопје) 126, Брегалница (Штип) 124, Кул здравје (Скопје) 115, Победа (Прилеп) 104, Куманова 83, Охрид 55.

На посебните табели, кај помладите пионери првак е Шкендија со 44 бода – Победа е 12. место со 19, кај постарите пионери првак е Пелистер со 48 – Победа е 11. место со 19, кај кадетите првак е Кул здравје со 44 – Победа е 9. место со 29, а кај младинците шампион е Македонија ЃП  со 54 бода – Победа е на 6. место со 37.

Школата на Победа ќе постигнеше многу повеќе доколку не беше преместувањето на играчите од една во друга категорија, почнувајќи од младинци во сениори – што повлекува од кадети во младинци, од постари пионери во кадети, од помлади во постари пионери. Од клубот има репрезентативци во сите категории.

 

Од категоријата

ИГРАМЕ СО МАЛТА, СЕ СЕЌАВАМЕ НА ИТАЛИЈА!

Зоран Иге

ПОБЕДА ИМА ДОПОЛНИТЕЛНИ СИЛИ ЗА СТРУМИЦА

Зоран Иге

(фото) ПЕХАРОТ ЗА ПИТУ ГУЛИ, НАМЕСТО НА МОГИЛА – НА ВЕШТАЧКАТА ТРЕВА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе