Пинг-понг

(фото) СКОПЈАНИТЕ СОВЛАДАНИ ВО ПРИЛЕП!

Првиот меч од финалето на плеј-офот во пингпонгарската Супер лига, за добивање екипен шампион на Македонија, го доби прилепскиот тим Младост 96 со убедливи 4:1 против скопскиот Телеком нец 2. Во салата на ООУ „Добре Јованоски“ беше интересен дуел на најдобрите од основниот дел во првенството, кога во меѓусебните дуели имаа по една победа.

На денешниот натпревар, кој го судеше легендарниот Зоран Јованоски, поведоа гостите со победата на Србинот Милош Миленковиќ со 3:0 над Антонио Стомнароски. Меѓутоа, во натамошниот тек на мечот доминација на прилепскиот тим. На 1:1 израмни Петар Костовски  со победата од 3:0 врз Роберт Михајловски. Потоа пресврт на 2:1 донесе Србинот Ѓорѓе Борчиќ со победата од 3:0 над Димитрие Жоговски, а на 3:1 зголеми Антонио Стомнароски со добиената партија од 3:0 над Роберт Михајловски. Конечниот резултат од 4:1 за Младост 96 го постави Ѓорѓе Борчиќ со максималната победа од 3:0 врз сонародникот Милош Миленковиќ.  

Според ова, Младост 96 на тренерот Гоце Тошески има водство од 1:0 во добиени мечеви, па му е потребна уште една победа за да стане шампион на Македонија. Реваншот се игра утре (недела) во 12 часот, во Скопје.

Од категоријата

ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ ОД 1:3, СВРТИЈА НА 4:3!

Зоран Иге

НОВИ ОСУМ БОДА ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ СУПЕРЛИГАШИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе