Во саботата вечерта кога имаше обилни дождови, вода навлегла во салата за пинг-понг во Прилеп. Поради тоа бил прекинат тренингот на пингпонгарите од клубот Младост. Од настанот фотографија ни испрати тренерот Зоран Јованоски. Поплавена била целата просторија, но немало никаква штета оти подлогата е отпорна на вода. Оттука, само треба да се собере водата за да може пак да се тренира во салата.
Пред повеќе години салата се реновираше токму поради тоа што и тогаш во неа навлегуваше вода при обилни врнежи.