Фудбал

(фото) ПЕХАРОТ ЗА ПИТУ ГУЛИ, НАМЕСТО НА МОГИЛА – НА ВЕШТАЧКАТА ТРЕВА!

Попладнево многу дожд изнаврна во Прилеп, теренот од игралиштето кај Могилата беше преплавен со вода, па финалниот куп-меч за територијата на ОФС Прилеп, помеѓу Стрела (Ерековци) и Питу Гули (Крушево) се одигра на другиот крај на градот, на теренот со вештачка трева. Според очекувањата, убедливо, со 3:0 победи третолигашот Питу Гули, со два гола на Беким Алимоски и еден на Ѓорѓи Стрезовски. Крушевскиот тим не искористи пенал.

И покрај силниот дожд, се одржа куса церемонија со доделување на победничкиот пехар од страна на делегатот Зоран Перески на капитенот Ѓорѓи Стрезовски.

Питу Гули му се придружува на второлигашот Победа во натамошната фаза од Купот на Македонија.

Од категоријата

ПОВЕЌЕ ОПЦИИ ЗА ТРЕНЕР, МЕЃУ НИВ НЕ Е БУБАЊА

Зоран Иге

ШВЕДСКА: РОДНИОТ ГРАД НА КАРЧЕСКИ И ДОНЕСЕ СРЕЌА НА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

НА ТИТУЛАТА И СЕ ИЗРАДУВАА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе